Торнада и разорни бури во САД, голем број загинати

 


Големи бури ги зафатија седум сојузни држави.

Речиси 300.000 Американци во седум сојузни држави останаа без електрична енергија од вчера поради торнада и разорни бури со грмотевици.

Во текот на викендот, 23 лица загинаа во големите бури, а синоптичарите велат дека се можни повеќе, придружени со силен ветер, град и поројни поплави. Во утринските часови, обилен дожд се очекува да го погоди источниот брег, вклучувајќи делови од Њујорк, Пенсилванија, Њу Џерси и Мериленд, соопшти Националната метеоролошка служба.

Поради невремето загинаа неколку лица. Осум од нив во Арканзас, седум во Тексас, двајца во Оклахома и пет во Кентаки. Две деца загинаа во Тексас. Една постара жена во Алабама загинала откако дрво паднало врз нејзиниот дом, а фармер и неговите 34 крави биле убиени од гром во Колорадо.

NWS, исто така, прогнозира дека во вторник над Тексас може да се развијат силни грмотевици, со налети на ветрот да достигне брзина од 120 километри на час.

Жештините ќе продолжат на југот од земјата, а се очекуваат рекордно високи температури.

28.05.2024 - 09:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега