Трагедија: 12-годишно девојче си ја загушила 8-годишната братучедтка

12-годишно девојче од Хамблот, Тенеси, е обвинето за убиство од прв степен, откако обвинителите соопштија дека на видеото се гледа како таа ја задушува својата 8-годишна братучетка во креветот на спрат кој го делат.

- Девојчето кое следната недела ќе наполни 13 години, наводно користело чаршафи за да ја задуши својата братучетка, а потоа ја исчистила жртвата и ѝ го придвижила телото - изјавиле истражителите кои ја прегледале снимката од инцидентот од безбедносната камера лоцирана во куќата.

Мајката на жртвата, Рајана Смит, ја идентификувала нејзината ќерка како Демерија Холингсворт. Како што објаснила, се сеќава дека Демерија секогаш била насмеана, била добра на училиште.

Мајката на убиеното девојче рекла дека девојчињата во текот на летото престојувале кај нивната баба во Хумболт. Таа вели дека проблемот настанал поради телефонска расправија.

Мајката на убиеното девојче тешко разбира што се случило со нејзината ќерка.

Фредерик Аџи, окружниот обвинител за 28-от округ во Западен Тенеси, рече дека неговата канцеларија бара од судијата за малолетници Марк Џонсон да го пренесе детето во окружниот суд за да му се суди како возрасен.

„Сметам дека ова е едно од највознемирувачките злосторства извршени или од возрасен или од малолетник што мојата канцеларија го гони“, рече Ејџи во изјавата објавена на страницата на канцеларијата на социјалните мрежи.

Тринаесетгодишното девојче се товари за убиство од прв степен и неовластено користење докази.

Смит се надева на максимална казна.

19.07.2024 - 23:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега