Трагедија: Пронајден мртов маж на спореден пат во велешко
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на спореден пат во селото Богомила, каде беше пронајдено тело на починато машко лице.
Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот 60-годишен маж со цел да се утврдат причините за смртта. По насоки на јавниот обвинител, подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а се преземаат и други дејствија за целосно испитување на настанот, по што ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката.
23.01.2023 - 12:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа