Трагедија: Загина 12-годишно дете во Штутгарт, 13-годишник го турнал во трамвај

 


12-годишно момче загинало откако 13-годишно момче го турнало во трамвај на станицата Мах-Еит-Зи во Штутгарт, објави германски Билд.

Инцидентот се случил денеска околу 12 часот и 30 минути кога, според првичните информации, момче се скарало со постаро момче додека стоело на станицата.

Другото момче потоа го турнало кон трамвај кој се приближувал, по што дванаесетгодишното момче починало на местото на настанот.

Во собирањето докази беа ангажирани бројни спасувачи и форензичари.

Инспекторите потврдија дека убиеното момче имало 12 години.

По несреќата 13-годишниот напаѓач во присуство на мајка е префрлен во Одделението за заштита на млади, а истрагата е во тек.

31.01.2025 - 21:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега