Трамп го привлече Маск во својот тим: Ќе реформираат влада


Доналд Трамп, поранешниот американски претседател и кандидат на Републиканската партија, изјави дека милијардерот Илон Маск се согласил да се приклучи на неговата администрација доколку победи на изборите во ноември.

„Илон, бидејќи не е премногу зафатен, се согласи да биде на чело на оваа нова работна група“, рече Трамп.

 

Поранешниот шеф на Белата куќа тврди дека новата Комисија за владина ефикасност, предводена од Илон Маск, драстично ќе ја реформира и ремонтира секоја владина агенција и ќе заштеди трилиони долари во следната деценија.

Потсетуваме, Доналд Трамп неодамна во интервју со Маск, кој е и сопственик на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) изјави дека е подготвен да му понуди место во неговиот тим по победата на изборите.

„Би го ставил во владата, но не знам како би можел да биде во чекор со обемот на работа што ја работи. Но, тој би можел да ја советува владата за одредени прашања, на пример за вештачката интелигенција“, рече претходно Трамп.

Републиканецот нагласи дека има одлични односи со Маск, кој, според Трамп, би сакал да учествува во оптимизирање на работата на американската влада.

Претходно западните медиуми објавија дека Трамп, доколку победи на изборите, на Маск ќе му понуди место во неговата администрација или позиција на советник. Форбс ја процени вредноста на имотот на Илон Маск на 241,7 милијарди долари.

05.09.2024 - 22:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега