Трамп избра десничарски коментатор за заменик директор на ФБИ
Американскиот претседател Доналд Трамп го назначи десничарскиот коментатор и подкастер Ден Бонгино за заменик директор на ФБИ.
Трамп на социјалните мрежи објави дека Бонгино е „човек со неверојатна љубов и страст за Америка“ и дека ќе служи под новоименуваниот директор на ФБИ, Каш Пател.
Бонгино (50) е поранешен член на Њујоршката полиција и на Тајната служба и има работено во тимови за заштита на двајца претседатели – Џорџ В. Буш и Барак Обама.
„Благодарам господине претседателе, јавен обвинителу Бонди и директоре Пател“, напиша Бонгино на Икс по објавата на Трамп.
Американскиот претседател во неделата на социјалните мрежи рече дека Бонгино е „подготвен да се откаже“ од подкастот „за да служи“.
„Правдата, законот и редот ќе се вратат во Америка и тоа брзо“, додаде Трамп.
Тој исто така истакна дека Бонгино ќе заврши „неверојатна работа“ во ФБИ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа