Трамп најави дека утре ќе присуствува на трговските преговори со Јапонија

 

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лично ќе присуствува на утрешната средба со јапонските претставници во Вашингтон, на која теми на разговор ќе бидат трговијата, царините и трошоците за американската воена поддршка за Јапонија.

-Јапонија денеска доаѓа на преговори за царини, трошоци за воена поддршка и фер трговија. Ќе присуствувам на состанокот заедно со секретарите за финансии и трговија. Се надевам дека ќе успееме да постигнеме договор кој е добар и за Јапонија и за САД, напиша Трамп на платформата Трут сошл.

Трамп, кој претходно го критикуваше безбедносниот договор со Токио, рече дека сегашниот договор е „многу интересен“, но дека е едностран.

16.04.2025 - 17:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега