Трамп по средбата со Макрон: Ако не се реши војната во Украина може да избие Трета светск војна
Ако оваа војна не се реши би можела да избие Трета светска војна. Ова денеска го кажа американскиот претседател Доналд Трамп по средбата со францускиот колега Емануел Макрон кој отиде во Белата куќа за да се обиде да влијае на носењето на одлуки во Вашингтон.
Трамп одби да го нарече рускиот претседател Владимир Путин „диктатор“, иако претходно овој збор го искористи за опишување на првиот човек на Украина, Володимир Зеленски бидејќи одбива да распише избори.
-Не ги користам тие зборови така лесно, ќе видиме како ќе излезе сето ова. Има големи шанси да се постигне многу добар договор помеѓу Русија и Украина. Ако оваа војна не се реши, би можела да избие трета светска војна, кажа Трамп.
Трамп додаде дека војната во Украина би можела да заврши наскоро.
-Тоа би можело да се случи за неколку недели, ако сме паметни. Ако не сме паметни, војната ќе продолжи, а тоа не го сакаме, зашто ова би можело да ескалира во трета светска војна, повтори тој.
Иако односите помеѓу двајцата лидери се вжештија во изминатиот период, Трамп кажа дека Володимир Зеленски наскоро би можел да дојде во Вашингтон за да го потпише договорот за ретки минерали.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа