Трамп трајно суспендиран од Твитер

Социјалната мрежа Твитер, која го отстрани поранешниот американски претседател Доналд Трамп поради повторените повици за насилство, нема да му дозволи враќање, па дури и ако повторно биде кандидат за Белата куќа, објави финансискиот директор на компанијата.

 

– Според нашите правила, кога сте тргнати од платформата, тргнати сте, било да сте коментатор, финансиски директор или поранешен или актуелен политичар, рече Нед Сегал за „Си-Ен-Би-Си“.

Доналд Трамп „беше протеран кога беше претседател“.

– Не правиме разлика меѓу политички службеници, без разлика дали сè уште се на должност или не, додаде Сегал.

Во последната објава пред суспензијата на профилот, Трамп изрази разбирање и љубов кон напаѓачите врз Конгресот на 6 јануари кога загинаа пет лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.02.2021 - 23:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега