Тренчевска до власта: Слабо ви оди економијата - ќе ви се смеат граѓаните
„Вистината ве боли и секогаш кога ја кажуваме велите дека тоа е ароганција, не, тоа е од загриженост“, му порача вечерва Јованка Тренчевска од СДСМ на пратеникот Лефков од ВМРО-ДПМНЕ кои дебатираа во емисијата Само вистина на Канал 5 тв.
Ги манипулирате граѓаните и ќе ви се смеат кога ќе го видиме колку ќе биде дефицитот на буџетот. Старосната граница ќе мора да се зголемува, затоа што пензискиот систем не може да го издржи ова. Колку милиони евра ќе ни требаат од централниот буџет кон пензискиот систем? Како ќе се полни системот на ПИОМ, тој се полни со нови вработувања, ветивте педесет илјади за четиригодишен мандат, не ви се доволни тие за да го намалите дефицитот. Ние со домаќинско работење од 48% како што го оставивте во 2016 година го намаливме на 32.5%. Со новиот буџет го качивте и јавниот долг. Не сме арогантни, вистината ве боли и секогаш кога ја кажуваме велите дека тоа е ароганција, не, тоа е од загриженост. Слабо ви оди економијата, рече Јованка Тренчевска во Само Вистина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа