Три хороскопски знаци ќе блеснат во септември, а еден е апсолутен победник

Позицијата на планетите ќе биде поволна и покрај тоа што Меркур ќе го започне своето ретроградно движење на 10 август. Тоа ќе ни даде успех на многу полиња вклучувајќи ги и финансиите. Еве кои хороскопски знаци можат да очекуваат голем прилив на пари и материјален успех во септември.

Рак

Меркур има мало влијание врз вашиот хороскопски знак. Ова значи дека додека повеќето луѓе ќе имаат проблеми и тешкотии поради ретроградното движење на Меркур, вие ќе можете да ги искористите своите 5 минути за да ја надминете својата конкуренција, да ги решите проблемите и да постигнете успех. Астролозите ви препорачуваат да не се двоумите и брзо да дејствувате.

Стрелец

И вие ќе бидете поштедени од негативното влијание на Меркур, па ќе имате можност да бидете максимално продуктивни. Доколку во минатото имало проблеми и тешкотии, ретроградниот Уран ќе промени сè и ќе ја сврти ситуацијата во ваша корист. Затоа, астролозите ве советуваат да почесто да ја слушате вашата интуиција и да бидете решителни во она што го правите. Освен тоа, септември ќе биде и поволен период за инвестирање.

Риби

Ѕвездите ќе ви бидат наклонети и во септември. Така, астролозите ве советуваат да го започнете месецот со потрага по нова работа или хоби. Можете да започнете сопствен бизнис или да му се посветите на вашиот талент бидејќи сега е време да блеснете! Ќе бидете самоуверени и ќе се чувствувате добро во своја кожа. Згора на тоа, ве очекуваат службени патувања и промена на средината, а некои од вас ќе добијат и унапредување доколку постигнат одлични резултати кон крајот на летото.

01.09.2022 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа