Три лица нападнале скопјанец и му го оштетиле автомобилот
Деветнаесетгодишник од Скопје бил нападнат додека седел во возило од страна на три лица, кои потоа го оштетиле и возилото.
-Синоќа во 01:15 часот во Полициската станица Кисела Вода, 19-годишниот М.Ц. од Скопје пријавил дека околу 01:00 часот тој и Д.Т.(19), М.А.(19) и 17-годишник на ул.„Саса“ застанале со патничко возило „југо“, при што тројца од нив излегле од возилото, а во него останал само Д.Т.. Според пријавеното, во тој момент дошле повеќе лица од кои тројца влегле во возилото и физички го нападнале Д.Т., а со тврд предмет го оштетиле возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - информира МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа