Три минути молк пред Собранието на Македонија, протестот продолжува кон Обвинителството

 

Демонстрантите стигнаа до Собранието. Во тек е триминутен молк и тука.

Стотици граѓани со транспаренти во ист глас извикуваа „Убијци!“ и „Правда за Фросина!“.

„Секој еден може да е следен“ порачаа насобраните граѓани пред Законодавниот дом, додавајќи „Нема правда, нема мир“.

Родителите на Фросина и натаму се во првиот ред.

Оттука тие ќе се упатат кон Основното јавно обвинителство, а ќе завршат пред Кривичниот суд.

02.02.2025 - 18:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега