Трипуновски од Берлин: Работиме со јасна визија за производство на висококвалитетно флаширано вино

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски вечерва имаше можност да го претстави македонското вино на настан кој што го организираше Државното претставништво на Северна Рајна Вестфалија во Берлин и Македонската амбасада, соопштија од МЗШВ.

-За нас, како мала земја, македонската винска индустрија е од особена важност бидејќи покажува позитивен потенцијал, позиционирајќи се себеси како втор најголем извозник во земјоделскиот сектор, истакнал министерот Трипуновски на настанот.

Според него, главната стратешка цел во политиките за лозарство и винарство е да се фокусира производството на локални сорти како Вранец, Станушина, Кратошија, Темјаника, Смедеревка и висококвалитетно грозје. 

Министерот посочил дека климата во Македонија обезбедува идеални услови за да се истакнат најдобрите карактеристики на грозјето, а преку производствени практики воспоставени со Законот за вино, кој е усогласен со европското законодавство, се унапредува вековната традиција на лозарство и винарство.

-Вкупната површина на лозови насади е 23.000 хектари, од кои 21% се во сопственост на индивидуални производители на грозје, а 79% се на винарии. Иако значителен процент им припаѓа на малите семејни винарии со капацитет до 50.000 хектолитри, појаснил министерот Трипуновски.

Тој додал дека користејќи ги националните и европските фондови за финансиска поддршка, винариите сè повеќе инвестираат во надградба на опрема, реконструкција на плантажи, винарии, како и во инвестирање во човечки потенцијал, со јасна визија за производство на висококвалитетно флаширано вино.

Министерот во обраќањето истакнал дека токму преку ваквите настани се отвора можност за промоција на македонското вино и неговиот пласман на европските пазари

16.01.2025 - 20:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега