Туфегџиќ: Обвинителството мора да отвори предистражна постапка по допрен глас

Адвокатот  Владимир Туфегџиќ вели дека Јавното обвинителство по допрен глас мора да отвори постапка за хаосот коj настана со издавањето на личните документи.

Во гостувањето во Топ Тема го отвори и прашањето околу изречените судски забрани, односно колку ќе произведуваат правно дејство бидејќи одземени патни исправи веќе не важат, има луѓе на кои им е одземена стара патна исправа. Кога сме кај судските одлуки ова отвора многу прашања.

-Треба да се вратиме назад неколку години за да дојдеме до причината на ова што денеска ни се случува. Ниту еден граѓанин нема воопшто да размислува за правна постапка туку вниманието му е насочено како да обезбеди документи. За оваа ситуација мора да се обезбеди постапка и Јавното обвинителство е вистинското место за тоа. Обвинителството мора да отвори предистражна постапка по допрен глас, истакна Владимир Туфегџиќ, адвокат.

13.02.2024 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега