Тухел за крајот на „црната серија“ на Вернер: За напаѓач нема подобро чувство од постигнување гол

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, уште еднаш му искажа поддршка на Тимо Вернер кој по пауза од 10 натпревари без постигнат гол, синоќа се запиша во листата на стрелците.

Челзи во натпревар од третото коло во Лига Купот на Англија со Астон Вила одигра 1:1, па на пенали победи со 4: 3.

 

– Одигравме многу тежок натпревар во кој успеавме да им дадеме шанса на голем број играчи. Направивме многу промени, а тимот никогаш не влегол на терен во таква комбинација. Во такви услови, потребно е одредено време да се прилагоди на теренот. За нас беше важно да не очекуваме премногу во однос на креативноста. Очекувавме да го видиме најенергичниот фудбал што го изведува тимот, и го видовме. Ние добиваме доверба во нашите способности секоја минута. За голот на Вернер, наша задача е да создадеме ситуации за него, а реализацијата зависи од него. Нема подобро чувство за напаѓач од постигнување гол, истакна Тухел.

23.09.2021 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега