Турција ги отвора стадионите со полн капацитет

 

Фудбалскиот сојуз на Турција (ТФФ) објавил дека од 9 ноември гледачите ќе можат да ги следат натпреварите од професионалните лиги во таа земја со 100% капацитет на трибините на стадионот.

Поради пандемијата на Ковид, трибините на стадионите во Турција се отворени 50 отсто од почетокот на фудбалската сезона, а минатата година натпреварите се играа без публика на трибините, јави агенцијата Анадолија.

Новата одлука за целосно отворање на трибините на стадионите е донесена согласно препораките на надлежните здравствени институции, а гледачите ќе треба да исполнат одредени услови согласно мерките за борба против пандемијата.

 

29.10.2021 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега