Турција не прекинува да се тресе - регистрирани шест нови земјотреси

Силна сеизмичка активност вечерва е забележана во Турција, па Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) наведува дека оваа земја во текот на ноќта ја погодиле дури шест силни земјотреси.

Првиот се случи на 17 километри од Хекимхан, во провинцијата Малатија. Овој земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала и на длабочина од пет километри, ја погоди Турција околу 3:11 часот по локално време.

Само дваесет минути подоцна, два силни земјотреси погодија два региони во Турција. Едниот се случил во Ијаладереа во близина на сириската граница и бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала.

Вториот ја погоди областа Карлиова и неговата магнитуда беше 4,5 степени според Рихтеровата скала.

Околу 10 до 4 часот наутро на удар се најде и Караманмараш, град практично уништен во првата серија земјотреси во Турција. Овој пат го погоди земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала.

Тлото во Турција беше мирно околу четири часа, но утрото околу 8 часот и 45 минути имаше нов земјотрес во близина на Антиохија, на границата со Сирија.

Овој земјотрес бил со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала,пренесе Нова.рс

17.02.2023 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега