Турист пронашол рачна бомба во водите на Охридското Езеро
Вчера во 18 часот, М.Д.(38) од ресенското село Јанковец пријавил дека во водите на Охридското езеро кај струшкото село Радожда забележал стара рачна бомба.
Од извршениот увид е констатирано дека се работи за рачна бомба од италијанско производство од Втората светска војна.
Бомбата била безбедно подигната од овластено стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување.
06.08.2024 - 16:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа