Турското тло не мирува - нов силен земјотрес ја погоди земјата
Силен земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала рано утрово ја потресе Турција.
Земјотресот е регистриран во источниот дел на земјата во 5 часот и 18 минути. Епицентарот бил на 43 километри од Адијаман, кој настрада многу во разорните земјотреси што ја погодија земјата на 6 февруари.
Повеќе од 41.000 луѓе загинаа во разорните земјотреси во Турција и Сирија.
Спасувачките екипи се на терен 11 дена и деноноќно ги пребаруваат урнатините.
16.02.2023 - 09:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа