Тврди дека е син на Чарлс и Камила- обајвил и фотографија за да го докаже крвното сротство со кралското семејство
Еден човек од Австралија, кој верува дека е дете на принцот Чарлс и Камила, објави фотографија од неговиот син за да докаже дека се во роднинска врска со кралското семејство.
Сајмон Доранте-Деј, британски роден инженер, кој се населил во Австралија откако бил посвоен, се појави во програма тврдејќи дека неговиот син е „плукан“ од кралицата Елизабета Втора.
„Мислам дека доказите зборуваат сами за себе“, рече Дорантe за „Дејли Меил“
Симон минатата недела беше фотографиран со неговиот син Лиам (14) додека беа на пат, пренесува Дејли меил.
После тоа, тој ја сподели фотографијата на Фејсбук, каде што често објавува за неговата наводна крвна врска со кралското семејство.
- Ја споделив фотографијата со јавноста, а една жена ја преработи во црно-бело, ја сврте и ја стави покрај фотографијата на кралицата - рече тој.
Симон е зачнат во 1965 година, а водителите го прашаа како може да го докаже своето тврдење кога кралските коментатори рекоа дека Чарлс и Камила се сретнале во 1970 година.
Тој вели дека неговата баба му раскажала за неговата наводна врска со војводата и војвотката од Корнвол во 1998 година.
Симон тврди дека неговата посвоена баба и дедо работеле за кралицата и принцот Филип како готвач и градинар и неколку пати му кажувале дека тој е „детето на Чарлс и Камила“.
Роден е во 1966 година, а кога имал 18 месеци, го посвоиле Карен и Дејвид Деј.
Во времето кога бил зачнат, Чарлс имал 17, а Камила 18, и тој тврди дека неговите јагодични коски и заби се како од Виндзор, како и косата како на Камила, се „убедлив доказ дека неговите тврдења се точни“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа