Уапсен демначот на Шакира: „Таа е моја сопруга“

 

Осомничениот демнач, кој тврди дека Шакира е неговата сопруга, беше уапсен пред нејзиниот дом во Мајами откако наводно ѝ испратил подароци, вклучувајќи вино, чоколади и играчки.

Даниел Џон Валтиер беше приведен во понеделникот и обвинет за следење, според извештајот за апсење.

Според „Дејли мејл“, 56-годишникот од Ел Пасо, Тексас, наводно споделил повеќе објави на социјалните мрежи за Шакира, кои нејзиниот тим за безбедност ги предал на властите на 3 јануари. Тој се појавил пред куќата на пејачката само пет дена подоцна со такси, во 12.45 часот, а набргу бил уапсен. На Валтиер му беше одреден притвор и се појави на суд во вторникот, каде што рече дека не може да ја исполни наредбата да се држи подалеку од колумбиската пејачка

„Таа е моја сопруга“, му рекол тој на судијата истакнувајќи дека „постојано разговара со неа“.

Инаку, не е јасно дали Шакира била во куќата кога осомничениот пристигнал и бргу бил приведен.

Тимот за безбедност на Шакира му кажа на Валтиер да престане да ѝ испраќа подароци и да објавува детали за неа на интернет. Но, тие се загрижиле кога забележале објава на „Инстаграм“, во која тој наводно се фалел дека отишол во домот на Шакира во Мајами Бич и споделил фотографија од визит-карта од мотел на Флорида.

11.01.2024 - 18:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега