Уапсен прироман во Кичево: Запалил кабел - изгореле 10.000 квадрати

Денеска (26.08.2024 година) во 12.45 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, го лишија од слобода Р.Х.(27) од Кичево. Тој се сомничи дека претходно, во индустриската зона „Иванидол“ во близина на Кичево, извршил палење на електричен кабел по што, избувнал пожар кој набрзо се проширил на површина од околу 10.000 метри квадратни. Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево. По целосно документирање на настанот, против Р.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.

26.08.2024 - 20:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега