Убава, богата и згодна, а евтино се облекува: Георгина Родригез повторно на мета на критиките

 

Георгина Родригез, поубавата половина на познатиот фудбалер Кристијано Роналдо повторно е во центарот на вниманието. Таа го придружуваше својот сопруг на доделувањето на наградите „Глоуб сокер“ во Дубаи.

За истата пригода таа облече тесен, мини фустан од бела тантела.

Фотографиите кои ги објави на својот инстаграм профил за еден ден собраа над 3 милион лајкови.

Сепак можеше да се забележат коментари во кои и замеруваат затоа што евтино се облекува и во кои на шега ја прашуваат дали се ова фотографии од свадба.

Самата Георгина во своето шоу на Нетфликс призна дека нема стилист бидејќи не ја познаваат и не знаат што сака. „Па што ако сакам да носам луксузен накит и спортски панталони. Така ми се допаѓа“, изјавила тогаш.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

29.01.2024 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега