Убиство во Македонија: Застрелан 35-годишник

Денес (23.07.2024) во 17.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во  гостиварско Дебреше со огнено оружје било пукано врз Р.К.(35) од Дебреше а како осомничени дека се извршители на делото се браќата Ј.В.и Б.В.од истото село, кои биле со патничко возило ,,Волво" со Швајцарски регистерски ознаки.

Едниот од нив, Б.В.е приведен и од истиот е одземена автоматската пушка со која го извршил делото. Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот.

МВР потврди дека Р.К. починал

23.07.2024 - 18:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега