УХМР издаде актуелно предупредување за утре

УХМР издаде актуелно предупредување за невреме во текот на утрешниот ден.

И утре во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град, соопшти УХМР.

„Од недела и во текот на следната работна седмица во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Минималните температури ќе се задржат високи, а дневните ќе бидат во постепено опаѓање“, стои во соопштението на УХМР.

19.07.2024 - 18:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега