УХМР со метео предупредување: Следува период на многу топло време со натпросечни температури

УХМР издаде метео предупредување.

Следува период на многу топло време со натпросечни температури кои ја дефинираат портокаловата фаза за опасност од високи температури, велат од УХМР.

Времето утре ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец.

Наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ што ќе предизвика времето да биде претежно сончево и натпросечно топло. Утринската температура наместа нема да се спушта под 20 степени, а максималната дневна насекаде ќе биде над 30, а наместа и 40 степени. Утре ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер, а во недела попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

19.06.2024 - 13:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега