Украинка силувана, па фрлена од карпа на Кипар: Откриена срамната лага на момчето кое ја убило

 

Девојка по потекло од Украина, во саботата утрото била силувана и фрлена од карпа на Кипар, додека нејзиното момче, осомничено за злосторството, се обидело да го пренесе како несреќен случај.

30-годишен жител на Пафос, Кипар, во саботата повикал полиција и рекол дека неговата девојка, Украинката Лесија Бикова (28) паднала од карпа. Тој рекол дека биле заедно кога Лесија се приближила до работ, изгубила рамнотежа и паднала од карпата, пренесува „Прототема“.

По повикот, полицијата излегла на местото на настанот и го опколила теренот, по што го извлекла телото на несреќната девојка. Дечкото тврдел дека се работи за несреќен случај, но кога резултатите од обдукцијата пристигнале неколку часа подоцна, било откриено дека лаже.

Според медиумите во Кипар, на девојката ѝ биле констатирани повреди на вратот и рацете, кои наводно биле предизвикани од давење. Исто така била откриена и скршеница на точката на хиоидната коска, која се забележува во случаи на давење.

„ Откриени се надворешни физички повреди кои предизвикуваат сомнение за сексуална злоупотреба, како и дополнителни надворешни повреди кои не се резултат на пад од височина“, соопштија надлежните.

Истрагата е во тек.

13.03.2023 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа