Украл скапо Ферари: Не погледнал што има на совозачкото седиште
Еден криминалец кој украл скапо Ferrari 812 GTS не се надевал дека полицијата ќе го пронајде поради превид што лесно можел да го избегне.
Овој инцидент се случи неодамна во Конектикат (САД), а мета на крадци беше автомобил вреден 575.000 долари.
Кога го украл ова возило, сепак, крадецот не сметал на едно – сопственикот оставил пар AirPods на совозачкото седиште, што криминалецот не го забележал.
Полицијата успеала благодарение на оваа направа да го лоцира автомобилот и потоа да го уапси 22-годишниот крадец кога застанал на бензинска пумпа.
Овој крадец удрил со Ферарито прво во полициското возило, а потоа излегол од автомобилот низ прозорецот.
Тој дури успеал да избега, но внатре го заборавил телефонот, врз основа на што полицијата го легитимирала, а потоа го пронашла и уапсила десет дена подоцна, на 26 септември. Покрај тоа, неговиот соучесник бил фатен и во друга кражба на автомобил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа