Унгарец по грешка добил плата од 92.000 евра наместо 92.000 форинти, не сакал да ги врати

 

 

На човек од округот Сомоги, Унгарија,  требало да му бидат исплатени 92.549 унгарски форинти пропорционално, но неговиот работодавец по грешка испратил 92.549 евра на неговата банкарска сметка.

Меѓутоа, привремениот среќник што работел за компанија во Капошвар одбил да ја врати сумата, па обвинителството поднело кривична пријава против него, пренесоа локални медиуми.

Човекот кому му го укинале работното место пред истекот на пробниот период, на компанијата ѝ дал сметка во австриска банка за исплата на преостанатата плата.

Компанијата на таа сметка префрлила 92.549 евра наместо 92.549 форинти (околу 238 евра). Набргу потоа, компанијата ја открила грешката и побарала од човекот да го врати вишокот.

Тој одбил да го стори тоа, оправдувајќи се на различни начини. Меѓу другото, тој им кажал дека нема пристап до сметка во австриска банка. Истовремено од банкомат во градот Капошвар во југозападна Унгарија подигнал околу 15.000 евра.

Бидејќи поранешниот вработен упорно одбивал да ѝ го врати вишокот на компанијата, обвинителството во Капошвар поднело кривична пријава за злоупотреба на средства.

Австриските власти успеале да ѝ вратат поголем дел од парите на оштетената компанија. Обвинителството во Капошвар бара да се изрече парична казна и да ѝсе надомести преостанатата штета на компанијата.

03.08.2023 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега