УНИЦЕФ: Се намалува интересот за вакцинација на децата во Македонија

 

Перцепцијата на јавноста за важноста од рутинската вакцинација на децата е намалена во Северна Македонија од почетокот на пандемијата на КОВИД-19. Ова го покажува новата анализа на податоци за 55 земји од светот – од кои 29 се наоѓаат во Европа и Централна Азија, вклучувајќи ја и Северна МакедонијаАнализата е дел од новиот глобален извештај што УНИЦЕФ го објави денес.

Извештајот „Состојбата на децата во светот во 2023: Вакцинација за секое дете“ претставува најсеопфатна проценка на рутинската имунизација што досега ја има направено УНИЦЕФВрз основа на податоци од 2021 годинаизвештајот посочува дека во Европа и Централна Азијавторото место на негативната ранг листа на земји според бројот на деца со “нула дози“ го делат Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Киргистан (11% од децата помали од една година), по Молдавија каде оваа стапка изнесува 13%Терминот „нула-дози“ се однесува на децата кои немаат примена никаква вакцина.

„Иако опфатот со рутинска вакцинација на децата во Северна Македонија порасна во последнава година по пандемијата, она што загрижува е падот на довербата во вакцините кои се даваат во детствотоИмунизацијата е една од најзначајните успешни приказни на човештвотоТаа доведе до искоренување на болести како вариола вера и спаси милиони животи од опасни заболувања меѓу кои ќе ги споменам малите сипаници и полиото” – изјави Патриција ДиЏованипретставничка на УНИЦЕФ во земјата„Не смееме да дозволиме бранот од страв и дезинформации, дополнително засилен од пандемијата, да ги доведе под ризик животите на децата.”

На глобално нивопадот на довербата се случува во време на најголемо континуирано назадување во областа на имунизацијата на децата кое трае последниве 30 годиниПандемијата го наруши вакцинирањето на децата речиси насекаденајмногу заради огромните притисоци врз здравствените системипренасочувањето на ресурсите за имунизација кон вакцинацијата против КОВИД-19, дефицитот на здравствени работници и карантинските мерки кои им беа наметнати на граѓанитеКако последица, 67 милиони деца на светско ниво не беа рутински вакцинирани во периодот меѓу 2019 и 2021 годинапри што опфатот со вакцинација опадна во 112 земји.   

За разлика од светските трендови, каде децата кои живеат во најсиромашните и руралните средини се тие кои најчесто не добиваат една или повеќе рутински вакцинации, состојбите во Европа и Централна Азија, вклучително и во Северна Македонија, се такви што присуството на деца под една година со “нула дози“ е поголемо во урбаните средини и побогатите домаќинства.  

Глобалниот извештај дава листа со препораки. Меѓу најрелевантните за Северна Македонија се следниве:

·        Да се продолжи со идентификување на сите невакцинирани деца и истите да се вакцинираат, особено оние кои пропуштија вакцинации за време на пандемијата на КОВИД-19.

·        Да се зајакне довербата во вакцините и побарувачката, вклучително и преку тесна соработка со локалните заедници со цел решавање на нивните потреби и грижи поврзани со вакцинацијата.

·        Да се даде приоритет на финансирањето на службите за имунизација и примарната здравствена заштита.

·        Да се изградат отпорни здравствени системи преку инвестирање во здравствените работници.

 

20.04.2023 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега