Утре голем дел од Скопје без струја

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, утре од 6 до 12 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на општина Петровец.

Струја ќе немаат корисниците зад ЕУРО Италија (пат кон село Огњанци), селата Бадар, Катлановско Блаце, Тотинци, Огњанци, ТС Еуроланд, ТС Арадико, ТС Фаз, Јасен, ТС Старолија-Катланово, ТС Тунел Катланово и село Кожле.

Како што соопшти РЦУК, според известување од ЕВН Македонија, од 9 до 12 часот утре струја ќе немаат и дел од корисниците кај новата пошта во село Волково во општина Ѓорче Петров, а од 8 до 15 часот и корисниците од ул. 2 во село Долно Лисиче во општина Аеродром. 

05.08.2024 - 18:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега