Утре и задутре сончево, за викендот повторно дожд
Во следните два дена ќе преовладува сончево време, утре со засилен северен ветер. Утринските температури ќе бидат пониски, особено во петок, соопшти УХМР.
За време на викендот во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста со услови за краткотраен
пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.
26.04.2023 - 11:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа