Утрово сончево време, а во текот на денот не очекува невреме

 

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме.

Од утре, најавува УХМР, следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и со умерен, наместа засилен ветер од југоисточен правец. Врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24 часа) утре во југоисточните делови.

Во Скопската Котлина претпладнево сончево со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со појава на пороен дожд проследен со грмежи, краткотрајно и во вид на невреме.

Од утре ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

08.05.2023 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега