Утврдени се симптомите на Омикрон

 

Анализата е спроведена по пат на апликацијата меѓу заразените граѓани во Лондон поради тоа што омикрон сојот е поприсутен во престолнината отколку другите соеви на коронавирусот.

Научниците ја повикаа британската влада да ја ажурира листата на симптоми за Ковид-19, откако првите податоци од истражувањето покажале дека симптомите се слични на настинка кај лицата кои се инфицирани со новиот омикрон сој на коронавирусот, пренесува „Танјуг“.

Британските научници спровеле истражување со кое сакале да потврдат колку симптомите на омикрон сојот на коронавирусот се разликуваат од досега доминантниот делта сој.

Податоците до кои дошла компанијата „Zoe and King’s College“ на 16 декември биле објавени во научното списание „British Medical Journal“ покажале дека најмногу од заразните луѓе со омикрон сојот на коронавирусот како симптоми пријавиле: течење на носот, главоболка, умор, кивање, болка во грлото и главоболка.

18.12.2021 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега