Ужас во Кенија: 17 деца загинаа во пожар во училиште

 

Најмалку 17 ученици загинаа во пожар во училиште во централна Кенија, објави полицијата. Се стравува дека бројот на мртви би можел да се зголеми, бидејќи десетици ученици се пренесени во болница со тешки изгореници, пренесува „Би-Би-Си“.

Пожарите се релативно чести во интернатите во Кенија. Десет девојчиња загинаа во 2017 година во подметнат пожар во женска гимназија во Најроби. Најсмртоносниот се случи пред 20 години и во него загинаа најмалку 67 ученици.

06.09.2024 - 10:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега