Ужас во Македонија: Се обидел да силува роднина, го претепал и соседот кој дошол да ја спаси
Вистински хорор се одвивал во Делчево каде маж се обдел да силува роднина која имала здравствени проблеми.
- Како што информираат од МВР, вчера во 12.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода 57-годишниот Б.А. од делчевско село, постапувајќи по претходна пријава дека во заедничкиот дом во селото допирал по телото и се обидел да изврши обљуба, по што и физички нападнал негова 37 – годишна роднина, лице со здравствени проблеми, а откако бил затекнат од соседот физички го нападнал и него.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа