Ужас во Скопје: Слушнав експлозија, излегов и го забележав синот со изгореници по телото
Вчера во 16.00 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди и изгореници бил донесен малолетник од Скопје.
Извршен бил службен разговор со неговата мајка Ш.Л.(45), која појаснила дека додека била дома, слушнала експлозија по што излегла надвор и го забележала синот со изгореници по телото. Увид на местото извршиле полициски службеници при СВР Скопје, при што пронашле пиротехнички средства.
03.02.2025 - 15:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа