Вака најефикасно се чисти црниот дроб од наталожени токсини – Русите се колнат во овој напиток

 

Црниот дроб е важен орган затоа што тој влијае на здравјето на сите останати органи и генерално на целиот организам.

Црниот дроб ја филтрира крвта, ги отстранува штетните токсини од организмот. Истовремено тој учествува во варењето и произведувањето на одредени ензими, па поради тоа неопходно е да се грижите за неговото здравје.

Тој е универзален филтер на нашето тело. Доколку за него се грижите како што треба, нема да имате проблеми со задржување на токсините.

Одржувањето на здравјето на овој орган е многу важно, а тоа најдобро се постигнува со одредени намирници, но и напитоци кои имаат моќ да го прочистат и да помогнат во исфрлањето на собраните токсини. Одамна е познато дека напитокот од црна ротквичка помага во тоа.

Во Русија го користат над 100 години, а еве како се подготвува:

Изрендајте ја ротквичката, измешајте ја со кафеав шеќер и со мед и оставете да отстои додека не пушти сок. Пијте ја течноста во текот на денот, по 1 чаша пред секој оброк.

Овој напиток ќе го поттикне исфрлањето на собраните токсини, а најчесто се користи кај нарушената работа на жолчното ќесе.

Поради големата содржина на протеини, јаглехидрати, масти, целулоза и многубројни минерали, се смета за намирница која зазема високо место во пирамидата на исхрана.

06.01.2022 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега