Вандализам во Кичево - Оштетени 11 сообраќајни знаци
Вчера во 15.40 часот во ОВР Кичево е пријавено оштетување со спреј во боја на 11 сообраќајни знаци кои се поставени покрај коловозната лента од улицата „Магистрален пат“ до „Битолска крстосница“ во близина на кичевското село Другово.
Според членот 190 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата „на сообраќајниот знак и на столбот на кој е поставен знакот, забрането е да се става си што не е во врска со значењето на сообраќајниот знак и забрането е неовластено поставување, преместување, отстранување и оштетување на сообраќајните знаци и на опремата на патот или измена на значењето на сообраќајните знаци“.
ОВР Кичево презема мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа