Вандализам во Националниот парк Шар Планина: Оштетени три возила
Оштетени гуми од тркалата на три возила, забележале вработените во Јавната установа Национален Парк Шар Планина пред два дена.
Тие објавија и фотографии од оштетувањата и упатија неколку прашања до сторителите преку Фејсбук профилот.
-Не знаеме кому му пречат успесите на Националниот парк Шар Планина, на кој на 22 јануари 2025 година, во просторот на паркингот на Националниот парк „Шар Планина“, се случи еден згрозувачки и вандалски чин, при што беа оштетени возилата, конкретно гумите на три автомобили: едно службено возило, едно возило на еден гостин и приватното возило на еден од вработените. Со какви активности, покрај нашата неуморна работа, можевме да провоцираме еден таков вандалски чин од страна на злонамерници?! Сепак, ваквите дела само дополнително ги мотивираат претставниците од ЈУНП Шар Планина во заштитата на природата, развојот на регионот и борбата против непријателите на природата, се вели во објавата на НП Шар Планина.
Од оваа установа информираат дека надлежните органи се запознаени со случајот со надеж дека нема да се повтори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа