„Васко жабата“ позаразен од короната: Бугарски хит што го „збудале“ Балканот
„На китарата Васко Жабата, тој ште пее мили гости само за вас“! Ако овој стих сте го слушнале деновиве и не ви излегува од главата, верувајте не сте сами. Вие сте само еден од милионите „жртви“ на целиот Балкан, кои се заразени деновиве од виралниот хит „Комбајна-вршачка“ на бугарскиот ромски „Оркестар Камчија“.
Хитот „Комбајна-вршачка“ е снимен, односно поставен на Јутјуб, уште во 2014 година, и од тогаш има повеќе од 3,3 милиони прегледи, само на оваа мрежа. Сепак, во „регионален“ поход тргна неодамна, откако по илинденските празници некои македонски блогери го искористија како монтажа за снимките со македонски политичари на празникот. Освен Македонците, по рефрените за „Васко жабата“ и „Цеца мецата“ „полудеа“ и на просторите на поранешна Југославија.
Иако текстот е банален, мелодијата е потполно заразна, и „влегува во уво“ на слушателите.
На социјалните мрежи Фејсбук, Твитер, Тик-ток, освен оригиналот, постојано се споделуваат и верзии со поинакви видео содржини, фотографии или „мемиња“, што повлекува најразлични коментари од слушателите.
„Мозокот ми е толку yништен што нема ништо во него, само хор кој континуирано ја пее „Васко жабата на гитарата“ – вели еден коментар на Твитер.
„Водам сериозни бизнис разговори, а во главата му врти „Васко жабата“ – вели друг твитерџија.
„На шала на смеа, ќе ја слушате Васко жабата на свадба сезонава/Ако првиот свадбен танц не ни е на ‘Васко жабата’ не ја ни женам“ – вели трет.
Песната, всушност е реклама на оркестарот Камчија за самиот себе, си го претставува својот гитарист Васко, односно „китарист“ (иако во видеото не може да се види гитара) со прекар Жабата, и пејачката Цеца, наречена Мецата (Мечката) и ветува добра забава, „цигански“ чочеци, народни песни и ора „само за вас“.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа