Веќе нема да видите молци во домот - Ви требаат 3 евтини состојки

 

Ако забележите молци во вашиот ормар дома, како летаат околу вашата омилена облека, нема потреба да се грижите бидејќи постои средство од само три состојки кое ефикасно делува и ги брка овие инсекти од домот.

Добро е да се знае дека молците не го поднесуваат мирисот на лаванда, како и на цитрусите. Затоа, земете една вата, ставете неколку капки етерично масло од лаванда или цитруси и ставете ја оваа вата во фиоките каде држите храна во кујната. 

Молците често знаат да влезат и да положат ларви во кујната, па ова е ефикасен начин за заштита од нив.

Исто така, може да направите спреј од лажица алкохол, 30 капки етерично масло од лаванда и децилитар дестилирана вода. Ставете ја течноста во шише со прскалка, убаво протресете пред употреба и испрскајте во вашиот шкаф и насекаде каде се собираат молци.

Молците не поднесуваат ни ловор, па ако го ставите во кујната или ормарот, ќе се спасите од молци.

 

20.01.2025 - 08:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега