Велковски: Продолжуваат капиталните инвестиции и за време на пандемијата

И во време на вонредни околности предизвикани од пандемијата предизвикана од коронавирусот продолжува реализацијата на капиталните инвестиции, вели Диме Велковски, пратеник од СДСМ.

Тој рече дека досега инвестирани се речиси една милијарда евра во патната инфаструктура и во план е да инвестираат дополнителни 2 милијарди во следните неколку години.

„Северна Македонија во 2019 и 2020 во услови на корона-криза заврши 80 отсто од примарната и секундарната гасификација, проект што се одолжуваше речиси 20 години. Градиме автопати од 260 км. Градиме 300 км експресни патишта. Градиме 900 км локални патишта. Рехабилитираме повеќе до 1.500 км постојни патни правци. Изграден и пуштен е во употреба автопатот Миладиновци – Штип, а Штип – Радовиш и Штип – Кочани ќе бидат комплетно предадени во употреба во следните неколку недели. Изградивме повеќе од 300 километри атмосферска канализација во сите општини во државата. Интензивно и во услови на корона-криза се работи на локалната инфраструктура во фаза во која е почната изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации за што обезбедуваме 100 милиони евра за сите општини во Република Северна Македонија“, рече Велковски.

Додаде дека подобрени се условите во 28 јавноздравствени установи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.06.2020 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега