Весна Јаневска: На Македонија и претстои уште една пропуштена учебна година

 

Македонија може да се надева на уште една пропуштена година за учениците, што може сериозно да се орздази врз децата и да предизвика големи пропусти во нивното образование. Вака униеврзитетската професосрка Весна Јаневска, во интервју за Прес 24 го оценува развојот на настаните со образовниот процес од септември, на само еден месец од почетокот на учебната година, период  во кој државата нема никаков концепт.

Тие всушност во моментот немаат ниту план, ниту  барем концепт. Тоа е поразително сознание што покажува крајно непрофесионален и неодговорен однос на надлежните органи кон образованието и почетокот на новата учебната година. Што и да се планира веќе е предоцна за да може квалитетно да се реализира. Официјално, колку што ми е мене познато, став во врска со типот на наставата, наставни планови и програми по кои ќе се одвива наставата во услови на епидемија на Корона вирусот Ковид19, календар за новата училишна година, па дури ни протоколи за заштита на здравјето на учениците и вработените во училиштата, за организација на училишниот простор, за хигиена на учениците и училишниот простор и инвентар не се јавно и официјално соопштени ниту презентирани, вели Весна Јаневска, универзитетски професор за Прес24.

Спред нејзе, сериозна држава досега ќе воспоставела целосен план во изминаиве месеци, особено откако стана очигледно дека информатичко-комуникациската технологија пред епидемијата не била доволно присутна во македонското образование за да може брзо да се адаптира на новите услови. Таа смета дека за жал голем број на ученици и во периодот на далечинско учење останаа без потребните технолочки средста за таква настава. 

-Кај огромен број ученици така наречената онлјн настава всушност се претвори во онлајн комуникација. МОН многу доцни со подготовките за почеток на училишната година. Летните месеци требаше да се искористат за подготовка на наставниците кои имаа проблем со употреба на информациско –комуникационата технологија и платформите за далечинско учење, кои им беа на располагање. МОН, а и општините можеа да организираст курсеви за обука на наставниците, затоа што се покажа дека оние кои стекнале неформално образование од оваа област поуспешно се справуваа со новонастанатата ситуација, вели Јавенска во интервјуто.

Покарј образованието, од корона кризата најмногу беше погодено и здравството. Таа е дел од двата процеси во државата и вели и двата не успеаја да одговорат соодветно на предизвиците.

-Кога навистина би требала  да ставам на кантар за да видам што е потешко, како доктор, иако и професор,кај мене би натежнале човечките животи. На почетокот на епидемијат кога ćе уште имавме по дваесеттина заразени дневно, и покрај одредени мерки кои беа навистина неприфатливи, како што беа временските мерки за движење на пензионерите и малите деца, се чинеше дека епидемијата ќе може да се одржи под контрола. Големиот проблем настана кога политиката, која и предходно беше присутна во справувањето со Корона кризата, одеднаш надвладеа толку многу што контролата каква и да беше сосема се изгуби, вели Јанесвака

Смета дека е тешко да се предвиди како ќе се одвива состојбата со Ковид 19 од септември, особено што тоа е период на летни одмори, верски празници, но и период во кој се очекува редовна епидемија од грип.

-Не само што се изгуби контролата над кластерите, туку сега веќе не се знаат изворите на инфекцијата и инфицираните не може да се следат. После направените грешки со прераното и сосема несоодветно олабавување на мерките изгледа дека надлежните оставија таа да се движи по својот природен тек, без да направат организирани обиди за нејзино спречување. Одговорноста конечно целосно се префрла на населението, кое секако не е без одговорност, но по шест месеци безуспешна борба, со рестрикции, страв и фрустрации веројатно во летните месеци преживува неконтролирана ерупција на желбата за живот и слобода со огромен ризик, вели Весна Јаневска, Универзитетски професор во интервју за Прес24.

ПРЕС24: На еден месец од почетокот на учебната година државата нема јасен концепт како ќе се одвива наставата од 1 септември и дали воопошто и ќе има настава. Вие предлагавте неколку идеи како да се почне учебната година во вакви услови на пандемија. Во што се разликува Вашиот концепт, од она што е замисла на институциите?

ЈАНЕВСКА: Токму еден месец пред почеток на учебната година Министерството за образование и наука и Комисијата за инфективни болести допрва ќе резгледуваат мерки и план за отворање на училиштата, што значи дека тие всушност во моментот немаат ниту план, ниту  барем концепт. Тоа е поразително сознание што покажува крајно непрофесионален и неодговорен однос на надлежните органи кон образованието и почетокот на новата учебната година. Што и да се планира веќе е предоцна за да може квалитетно да се реализира. Официјално, колку што ми е мене познато, став во врска со типот на наставата, наставни планови и програми по кои ќе се одвива наставата во услови на епидемија на Корона вирусот Ковид19, календар за новата училишна година, па дури ни протоколи за заштита на здравјето на учениците и вработените во училиштата, за организација на училишниот простор, за хигиена на учениците и училишниот простор и инвентар не се јавно и официјално соопштени ниту презентирани. Поедини функционери соопштуват свои лични ставови од кои дел се многу дискутабилни и тоа е ćе. Значи официјален план за отворање на училиштата и спроведување на настава во услови на корона епидемија нема, па поради тоа не е можна ни споредба на концепти. Како и да е, учениците, родителите и наставниците, по голготата која ја поминаа во претходнота полугодина заслужуваат да им бидат понудени барем неколку опции по кои и тие ќе можат да продискутираат. Јавната расправа за проблемите со кои ќе бидат соочени сите учесници во образовниот процес беше неопходна и потребна, но сега за тоа е доцна. Токму затоа ние, Централната комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, нудиме повеќе предлози и решенија, кои им ги ставаме на располагање на надлежните. Можни се повеќе модули, од целосна настава со физичко присуство на учениците во училиштат, преку целосна онлајн настава, односно далечинско учење до хибридна, комбинирана настава во зависност од состојбата со Ковид19 епидемијата во државата.  Сметам дека комбинирана настава со физичко присуство и далечинско учење е прифатлива варијанта, со дополнителни модули во неа.

На пример, по претходно мапирање на населени места и градови во кои не се регистрирани лица инфицирани со Ковид19, или бројот на заразени е толку мал што со сигурност може да се исконтролира, учениците би можеле на посетуваат настава физички. Во оние места каде што епидемијата е под контрола наставата би можела да се одвива комбинирано, со физичко присуство и онлајн. 

Социјалната компонента на образованието кај учениците од прво до петто одделение е исклчително важна. Истовремено, кај децата од оваа возраст според експертите не се очекува ширење на епидемијата и според тоа наставата може да се одвива физички, се разбира со сите спроведени мерки на предострожност. Тоа значи не повеќе од 15 ученици во училница, сите распоредени на растојание од метар и половина, со обврзно носење на маски и употреба на средства за лична хигиена и дезинфекција. 

Препорачуваме часовите да траат по 20 минути, бидејќи тоа ќе овозможи заштита на здравјето на учениците и вработените во училиштето, ќе овозможи чистење на просториите и училишниот инвентар, и ќе создадеа можност за работа во повеќе смени во училиштето. Секако, ваквото решение овозможува  да не се зголеми работното време на наставниците кои ќе работат не со група од 30 ученици, туку со група од 15 ученици. Доколку часот трае подолго, наставниците ќе имаат подолго работно време од 8 часа и прекувремената работа ќе треба да им се плати. 

Кај учениците од шесто до деветто одделение и средношколците би можело исто така да се спроведе комбинирана настава, односно две недели со физичко присуство и две недели онлајн. Се разбира дека во средните стручни училишта каде што е неопходна практична настава учениците би можеле два дена да учат онлајн и 3 дена организирани во групи по пет да бидат физички присутни на прктичната настава.   

Со оглед на кусите рокови за било каква леглно спроведена набавка за жал оброкот учениците ќе треба да си го донест од дома. 

Бројни се модулите и решенијата кои може да се понудат, но за било кое од нив да може да се спроведе потребно е да се исполнат општи услови кои државата, односно надлежните институции мора да ги спроведат. Непходнен е скрининг на наставниците за Ковид19 пред почеток на училичната година, неопходно е на наставниците да им се обезбеди ИКТ опрема, како и на децата од ранливите категории на семејства, да се обезбеди интернет во сите училишта и на децата од ранливите категории, да се организира училишниот простор за работа во вакви услови, да се изготват протоколи за заштита на здравјето, да се обезбедат маски, термометри и средства за дезинфекција.

Надлежните се должни да ги информираат наставниците навреме за тоа по која програма ќе работат. Ние препорачувме Бирото за развој на образованието да изработи скратена програма за ова полугодие, надлежните да изберат унифицирана платформа, да ги обучат наставниците и учениците за работа со таа платформа, преку која ке има двонасочна комуникација помеѓу учениците и наставниците, да изготват план за мониторинг на реализацијата на наставата од далечина, да направат критериум и упатства за оценување на учениците и да разрабоат бројни други детали како што се превозот на ученицице, болест на наствник, своеволно исклучување на дел од учениците од далечинстата настава и многу други.

ПРЕС24: Се покажа дека од март до јуни кога беше прекината наставата дека тој образовен процес од неколку месеци е класична импровизација. Иако се зборуваше за некаква онлајн настава, сепак сегашните анализи покажуваат дека тоа речиси и да не функционирало. Каде според Вас беше проблемот?

ЈАНЕВСКА: МОН не спроведе анкета за евалуација на ефектите од онлајн наставата, ниту за задоволството на било кој од учесниците во процесот, односно учениците, наставниците, а секако и родителите. Сега слушаме и читаме дека резултатите се поразитални. Вистина е дека епидемијата на Ковид19 вирусот нѐ затекна неподготвени. Причините за тоа сметам дека се објективни и се должат на немање на технолошки средства, на проблеми со интернеот. Но, најочигледно е дека недостасуваше план за справување со ситуацијата и обука на учениците и на наставниците за тоа како да го спроведат тој план.

Стана очигледно дека информатичко-комуникациската технологија пред епидемијата не била доволно присутна во нашето образование за да можеме брзо да се адаптираме на новите услови. За жал голем број на ученици и во периодот на далечинско учење останаа без потребните технолочки средста за таква настава. Кај огромен број ученици така наречената онлјн настава всушност се претвори во онлајн комуникација. Беше дозволено секое училиште да користи платформи по сопствен избор, секој наставник да ја спроведува наставата исто така по сопствен избор, користејќи ги можностите кои им беа на располагање. Од тука произлезе дака голем број на ученици потрошиле повеќе време за совладување на материјалот отколку вообичаено и со огромен ангажман на родителите, кои кај одреден број на ученици се претворија во наставници. Барањата од наставниците кон учениците за совладување на материјалот беа неуниформни, па дел од учениците и родителите беа преоптоварени, додека дел и не беа доволно ангажирани. Во некои, поретки случи комуникацијата наствник – ученик се одвиваше само по телефон. Одговорните институции покрај тоа што во огромен дел не спроведоа обуки барем на наставниците, ги оставија и без препорки, без упатста за работа и без критериуми за оценување. 

Учениците со посебни потреби претрпеа најголеми загуби. Кај дел наставата воошто не се одвиваше, дел од нив имаа проблем да прифатат онлајн начин на комуникација, кај дел не е ни можна онлајн настав, па целиот товар падна на грбот на родителите. 

Конечно, образовниот систем не направи анализа на ефектите од  епидемијата и променетото секојдневие врз  и психичкото здравје на децата и не препорача мерки за намалување на штетните последици. А апсолутно задача на образовниот систем е да го поддржи не само интелектуалиниот туку и психичкиот развој на единката.

ПРЕС24: Добар дел од наставниот кадар се покажа како неподготвен за работа со компјутери, интернет, ако треба и во идинина тоа да функционира од дистанца, може ли да се случи децата да добијат големи пропусти во образовниот процес?

ЈАНЕВСКА: Без да се обезбедат средствата за работа и едукација за користење на истите сосема е можно да случи учениците да имаат големи пропусти во образованието, тоа е сосема јасно и лесно предвидливо. Кога недостасуваат јасна препорака и упатства од надлежните органи како и основни средства за спроведуванње на наставата резултатот е импровизирана настава, оптеретени родители и во најлош случај запоставени деца. 

Како што напоменав, МОН многу доцни со подготовките за почеток на училишната година. Летните месеци требаше да се искористат за подготовка на наставниците кои имаа проблем со употреба на информациско –комуникационата технологија и платформите за далечинско учење, кои им беа на располагање. МОН, а и општините можеа да организираст курсеви за обука на наставниците, затоа што се покажа дека оние кои стекнале неформално образование од оваа област поуспешно се справуваа со новонастанатата ситуација.

ПРЕС24: Образованието е едниот сегмент кој беше погоден од коронакризата. Првиот и најважниот веројатно е здравствениот систем. Вите сте дел и од двата, кој подобро се снајде во оваа криза, здравството или образованието?

ЈАНЕВСКА: Корона епидемијата го зафти секој сегмент од општественото живеење и ги засегна и животите на луѓето. За жал според мене еднакво неуспешно се справуваме и со корона кризата и со проблемите од образованието. Кога навистина би требала  да ставам на кантар за да видам што е потешко, како доктор, иако и професор,кај мене би натежнале човечките животи. На почетокот на епидемијат кога ćе уште имавме по дваесеттина заразени дневно, и покрај одредени мерки кои беа навистина неприфатливи, како што беа временските мерки за движење на пензионерите и малите деца, се чинеше дека епидемијата ќе може да се одржи под контрола. Големиот проблем настана кога политиката, која и предходно беше присутна во справувањето со Корона кризата, одеднаш надвладеа толку многу што контролата каква и да беше сосема се изгуби. Олабавувањето на мерките, сосема нереално, а во корист за обезбедување на што побрзи парламентарни избори и што е можно повеќе гласови, не само што придонесе за непретпазливо однесување на населението туку и овозможи  и ширење на инфекцијата и болеста.  Со олабавување на мерките, невоведување на построг карантин за месецот Рамазн, незатварање на џамиите и непревземање мерки за точна информација на граѓаните почна наглото ширење на инфекцијата. Тоа беше надополнето со отворањето на ресторантите и кафулињата и непретпазливото однесување на нивните посетители, потоа со предизборна кампања, па со групно славење без никаква заштита и приредување на забави по диска, свадби и на крај со масовно одење на одмор без водење сметка за своето и туѓото здравје. Поради тоа Македонија стана една од државите со најголем број заразени и највисока смртност на милион жители. Вистина е дека не сме единствени и дека вирусот Ковид19 коси животи наскаде, таму каде што има густа населеност,  каде што владее сиромаштија, каде што населението нема информација, каде што населението, како и дел од нашето, не верува во вистинитоста на епидемијата, но за нас е жално што тогаш кога требаше да се носат тешки, но мудри одлуки надвладеа, не државни, туку други интереси. Да се одложеше олабавувањето на мерките за извесен не многу долг период и да се инсистирше на сите можни, дозволиви начини за почитување на мерките од страна на населението верувам дека бројот на жртвите ќе беше помал.

ПРЕС24: На почетокот од кризата се зборуваше за просторни капацитети каде би биле третирани здравствено болните од Ковид 19, но со тек на време се покажа дека просторни услови, па и донекаде опрема може да се создаде, но она што веројатно сега, и во иднина ќе биде проблем е медицинскиот кадар. Кои се Вашите прогнози за од септември во поглед на ова?

ЈАНЕВСКА: Здравствениот систем полека, но сигурно се исцрпува. Инфектолози, анестезиолози и медицинските сестри, оние кои се справуваат со најтешко болните, во државата има ограничен број и тие веќе со месеци работат непрекинато и под стрес. Ротацијата на лекари и сестри од други одделенија е од помош, но не е пресудна. Ковид позитивни пациенти, откако епидемијата неконтролирано почна да се шири, се појавуват на сите клиники, во сите болници и во сите одделенија. Тоа дополнително го исцрпува и системот, но и персоналот. 

Како ќе биде во септември ќе видиме после летните одмори и скорешните верски празници, но после септември кога почнува и епидемијата на грип очекувам да биде многу тешко. Дополнително ќе стане тешко затоа што поради рестриктивното работење на болниците расте индиректниот морбидитет и морталитет. Тие пациенти кои заради епидемијта до сега се воздржувале, најчесто хронични болни, исто така ќе почнат гласно да си ги бараат своите права за зачувување на здравјето. Зимата ќе биде тешка и за нив и Министерството за здравство и ФЗО треба сериозно да се подготвуваат.

ПРЕС24: ВМРО-ДПМНЕ имаше една идеја државата да побара лекарска помош други држави, се спомнуваше Словенија. Има нешто од тоа? И колку тоа е реално?

ЈАНЕВСКА: ВМРО – ДПМНЕ побара и доби помош од Словенија за Македонија во вид на средства за заштита. На барање на ВМРО-ДПМНЕ и други држави помогнаа на Македонија. Тоа што имаше обид Владата на СДСМ ова да го прикрие или прикаже како нејзино дело не е воопшто важно, а и не знам за што служи. Партиите и треба да работат за својот народ и секоја помош идејствувана особено во тешки времиња треба да е добредојдена. Словенија е една од земјите која особено добро и релативно брзо се справи со Ковид19 епидемијата, па од тука идејата за помош од страна на Словенски експерти е за поздравување и корисна. Останува идната влада да ја реализира во корист на населението.

ПРЕС24: Македонија според статистиката е една од државите со најголем смртност. Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство тврдат дека не е така. Потенцираат дека бројката е висока затоа што Македонија е една од ретките држави која по протоколите на СЗО практично евидентира почината со ковид, а не само починати од ковид. Дали тоа е исправна одлука?

ЈАНЕВСКА: Светската здравствена организација е неприкосновена во препораките кои ги испраќа за зачувување и подобрување на здравствените сиситеми и здравјето глобално. Покрај коментарите и дискусиите за нејзината улога и за улогата на некои нејзини приватни финансиери нејзиниот придонес во светот е докажан особено во борбата против епидемиите. Вирусот е нов и непознат, патофизиолошките механизми по кои делува ćе уште не се комплетно осознаени, симптомите на болните се различни и опфаќаат повеќе системи во организмот. За да се стекнат овие созанија кои недостасуваат потребно е да се евидентираат и по можност проучат Ковид позитивните паценти. Оправдувањето на Министерството за здравство дека смртноста во Македониа е вискока затоа што ги евидентира починатите со Ковид, а не починатите од Ковид инфекцијата би имала логика кога ние би биле единствента земја која така ги регистрира болните. Вака ги регистрираат болните и други земји, но значајно е што кај бројни од нив епидемијта се појави, достигна пик и е под контрола, или надлежните комплетно се спрвија со неа. Во нашата држава бројките постојано растат и на инфицирани и на заболени и за жал и на починати.

ПРЕС24: Здравствените власти се уште тврдат дека пандемијата е под контрола, но по се изгледа дека кластерите се изгубија, контактите веќе никој не може да ги поврзе. Дали тоа беше логичен след на развојот на состојбата, или пак беше резултат на тоа што задолжените за контрола на пандемијата се изгубија во целиот процес?

ЈАНЕВСКА: Доколку одговорните имаа план за менаџирање на епидемијата и доколку тој план не го прилагодува на политичките потреби логичен след на развој на состојбта би бил после шест месеци од почетокот на епидемијата ние сега да немаме Ковид позитивни или да имаме ретки увезени случаи. Тогаш немаше да бидеме на црната листа на ЕУ и граѓаните ќе можеа слободно да се движат и надвор од нашите граници. За разлика од тоа ние сме заробени во сопствената држава без никаков концепт на надлежните за справување со кризата. Не само што се изгуби контролата над кластерите, туку сега веќе не се знаат изворите на инфекцијата и инфицираните не може да се следат. После направените грешки со прераното и сосема несоодветно олабавување на мерките изгледа дека надлежните оставија таа да се движи по својот природен тек, без да направат организирани обиди за нејзино спречување. Одговорноста конечно  целосно се префрла на населението, кое секако не е без одговорност, но по шест месеци безуспешна борба, со рестрикции, страв и фрустрации веројатно во летните месеци преживува неконтролирана ерупција на желбата за живот и слобода со огромен ризик.

ПРЕС24: Може ли Македонија да се надева на вакцина и во кој обем и кога?

ЈАНЕВСКА: Вакцината е посебен проблем, сѐ уште е во најава незиното производство, односно оние кои објавуваат дека се пред крај се уште се во трета фаза на испитување. Производството би почнало после завршување на оваа фаза, под услов да нема несакани дејства  и вакцината да е ефикасна. Лично не верувам дека дури и ако биде ćе во ред ќе може да се произведе толкаво количество за да се опслужат сите светски потреби во брзо време. Во ваква ситуација би требало да се превзема акција како што на пример превзеде  Хрватска кога Министерот за здравство објави дека државата веќе во оваа фаза резервирало милион дози за своето население. Подоцна нема да биде проблем само цената, може да се случи слично како со респираторите да нема од каде да се набави.

ПРЕС24: Долго време Ве нема на политичката сцена. Се изморивте од политиката или не се наоѓате во оваа сегашна политика?

ЈАНЕВСКА: Вистина е дека не сум перманентно присутна во јавниот политичкиот живот. Бавењето со политика за мене претставува непроценливо искуство, во кое се стекнуваат бесценети знаења и сознанија преку контакти и размена на идеи со талентирани, инвентивни и посветени луѓе.  Јас сум јавно активна во политиката во периоди кога сметам дека имам можност да придонесам за добробит на целото општество макар и во само мал сегмент, секако во рамките на мојата политичка определба со десна ориентација. Во животот постојат периоди со различни приоритети и ние некогаш по сопствен избор, а некогаш и според  надворешната ситуација се прилагодуваме на нив. Во овој период кога можам да си дозволам да се занимавам со општествено корисна работа, кога мислам дека одредена политика нуди нешто ново, различно од тоа што до сега е видено и кога таа политика според мене може да придонесе за севкупен прогрес на целото општество со задоволство се вклучувм да дадам мал свој придонес за другите.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.08.2020 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега