(ВИДЕО) А1он: Граѓаните на плус 40 степени се возат со отворени врати во автобусите во Скопје

 

Иако веќе повеќе денови се соочуваме со температури над 40 степени, патниците се возат во автобуси без клима уреди. Разладувањето доаѓа од промајата од отворените влезни работи на автобусите, и на приватните превозници и на возилата на ЈСП Скопје, пренесува порталот a1on.mk.

Новинарите се возеле на линиите „23“ и „45“ со автобуси кои не биле климатизирани, а возачите возеле со отворена врата, од каде пак влегува топол воздух. Сепак, тој топол воздух повеќе им пречи на патниците, отколку што ги разладува.

Поминаа три месеци откако приватните автобуски превозници се вратија на улиците во Скопје, но без стандардите на кои инсистираше градоначалничката Данела Арсовска.

Целата вест прочитајте ја ТУКА. 

21.07.2023 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега