ВИДЕО: Автобус падна во река, има загинати
Патнички автобус со околу 15 патници слета денеска од мост во реката Мојка во рускиот град Санкт Петербург.
Четири лица загинаа, а четворица се во бессознание.
Возачот е приведен и против него е поведена кривична постапка, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека спасувачите ги извлекувале повредените патници од реката.
На сите повредени во несреќата на автобусот што слета во реката во Санкт Петербург ќе им биде укажана потребната помош, соопшти градскиот сообраќаен комитет, пренесе РИА Новости.
На снимката објавена од властите се гледа како автобусот нагло се врти пред да излета низ оградата на мостот, да падне во реката и да биде речиси целосно потопен во водата.
Обвинителството во Санкт Петербург покрена истрага за несреќата.
Момент падения пассажирского автобуса с моста в реку в Санкт-Петербурге. Сообщается, что сотрудники МЧС достали всех пассажиров — спасено восемь человек, при этом около десяти выбрались самостоятельно. Водителя автобуса задержали, сообщили в ГУ МВД. pic.twitter.com/aH7uNazEnc
— Yeni Şafak на русском (@yenisafak_ru) May 10, 2024
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа