(ВИДЕО) „Бомбакис поткаст“: Тонио Сан се враќа на сцената?
Во четиринаесетата епизода од „Бомбакис поткастот“ ќе гостува македонскиот рапер Тонио Сан или РНС. Личноста со која израснавме и од која дознавме што е рапот.
Антонио Аренгеловиќ досега има издадено два студиски албуми, а членуваше и во хип-хоп групациите „Легијата“ и „Green Out“. Дали се враќа на сцената дознајте во утрешниот поткаст (5.12.2023г.) на Бомбакис, во 21 часот, на неговиот „YouTube“ канал.
За потсетување, последен гостин во „Бомбакис поткастот“ беше македонскиот театарски и телевизиски глумец Тони Михајловски. Михајловски за првпат во неговата кариера гостуваше во поткаст, во кој откри ексклузивни детали за создавањето на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа