ВИДЕО: Бура беснеела во Славонија - ветерот носел кровови и рушел дрва

Славонски Брод вчера беше погоден од невреме. Силен ветер отконувал кровови и кршел дрва.

Командирот на пожарникарната станица на Славонски Брод, Иван Вулета рекол дека најлошо поминала населбата на Матија Иваниќ.

„Тамо колку што ми е познато, ветерот откорнал кровови на две куќи, а еден од нив е и запален. Имено, поради силниот ветер дошло и до краток спој на електро-жиците над кровот, а потоа и пожар. Пожарникарите веднаш излегле на терен и го санирале пожарот“, рекол Вулета.

Има и штети на Железничката станица, а стеблата се срушени на повеќе места.

Според податоците од метео станицата Јелас, невремето почнало во 13:55 часот, наврнале 17 литри дожд по метар квадратен, а во еден момент бил забележан и удар на ветер од 49 километри на час.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега