ВИДЕО: Дејвид Бекам ја натера Викторија да ја каже вистината пред камерите, шок сцена од документарниот серијал за фудбалерот

 

Дејвид и Викторија Бекам снимија документарен серијал во кој открија бројни непознати работи за нивната интимност, вклучувајќи ја и аферата која фудбалерот ја имал со неговата лична асистентка Ребека Лус.

Документарецот има и свои похумористични моменти. Еден од нив е прозивањето на Бекам на сметка на неговата сопруга која се обидела пред камерите да се претстави како член на работничката класа, иако очигледно пораснала како дел од високата класа.

На социјалните мрежи се појави снимка од серијата на Нетфликс во која Викторија тврди дека нејзиното семејство е „многу трудољубива работничка класа“, на што Дејвид се надоврза и ја критикуваше пред сите.

Фудбалерот се пошегува: „Сега биди искрена. Со каков автомобил те возеше татко ти на училиште?“, праша Дејвид, а Викторија одговори: „Одговорот не е едноставен“, но нејзиниот сопруг продолжи: „Каква кола возел татко ти?“ .

Викторија немаше каде да оди и одговори: „Во ред. Беа осумдесетти, а татко ми имаше Ролс-Ројс“, а Бекам накратко рече: „Благодарам“ и ја напушти просторијата каде што неговиот сорпуга даваше интервју.

05.10.2023 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега